Случувања на ден 25.10.2007год.
Се случи и тоа да неможам да напишам дневник за случувања на истиот ден, благодарение на Он.нет и нивниот брз и непрекинат интернет 24 часа во денот 30 дена во месецот.
Конекција никаква, консумирам на секунди, со малку среќа и на неколку минути, а со повеќе среќа и по некој саат, ама со прекиди.
Брзина веќе не мерам, среќен сум и кога имам било каква конекција.
Примен ПАМФЛЕТ од службата за финансии на Он.нет за мој долг према нив во износ од 2572,00денари за период од 01.03.2007 до 30.09.2007 год.
А таман го пофалив софтверот за наплата дека им работи беспрекорно во една преписка со ШЕФОТ т.е. НАДЛЕЖНИОТ на блогов. Го нема да одговори на мојот последен меил, најверојатно во неговата претрага по значењето на зборот ИЗМАМА, доби премногу резултати.
Но и софтверов бил ист, како и се друго во Он.нет.
Поднесен Приговор во салонот Бисер за немање на конекција, со барање на претрпена штета и Приговор до финансовата служба.
Сеуште немам никаков одговор, ниту од еден од Он.нет.
Благодарност до Он.нет за терапијата што ми ја пружи за издржливост.
п.с. зошто памфлет, им укажав како треба да изгледа еден документ за парично побарување, ова личеше на памфлетче во дневни весници. КОМПАНИЈА ОН:НЕТ, како гордо звучи, а да се нема елементарно познавање за достава и изглед на документ.
No comments:
Post a Comment