Wednesday, October 31, 2007

Случувања 31.10.2007 год

Случувања на ден 31.10.2007год.

Сабајле нема конекција од 09,00 саат до 11,25 саат.

Контактирано со техничка подршка, оператор Александар, констатирано дека нема конекција. Реагирано од моја страна дека немам никаков одговор на досегашните приговори. Се работело на случајот???

Поднесен приговор во салонот Бисер,

испратена копија од платена сметка за месец Јуни, навремено платена.

Преку ден конекцијата нестабилна, паѓа, особено изразито во вечерните саати помеѓу 18,30 до 22,00 саат.

Брзина нестабилна, далеку од договорената.

Измерен сообраќај во 00,05 саат

Услуги


# Опис на услугата Останато време (денови) Потрошено Останато Единица
1 Solo 101 472.99 98960.98 4463.02 (MB)

апдејт,
Во меѓувреме падна конекцијата, а со тоа и бројчаникот веднаш се измени.

Измерен сообраќај во 00,40 саат 01.11.2007год.

Услуги


# Опис на услугатаОстанато време (денови)ПотрошеноОстанатоЕдиница
1Solo 101 472.97 102230.07 1193.93 (MB)


Благодарност до Он.нет за сите нервози што ми ги приредија.

Случувања 30.10.2007 год

Случувања на ден 30.10.2007год.

Конекција нестабилна, постојано паѓа на кратки или подолги периоди,

Брзина нестабилна, далеку од договорената.

Од Он.нет сеуште никаков одговор или јавување.

Штета претрпена веќе не се мери. Морам да трчам по пријатели и интернет кафиња, а имам договор за непрекинат интернет конекција 24 саати.

Благодарност.

Monday, October 29, 2007

Случувања 29.10.2007 год

Случувања на ден 29.10.2007год.

Конекција нестабилна, потполно изгубена од 09,40 саат до 13,00 саат.

Поручекта повторно од 19,00 до 22,00 саат.

Брзина нестабилна, дури и многу спора, веб камера скоро и не функционира.

Сеуште никој се нема јавено од Он.нет на било кој начин.

Благодарност.

Sunday, October 28, 2007

Случувања 28.10.2007 год

Случувања на ден 28.10.2007год. Таман ги пофалив за саботата, кога денес пак по старо. Конекција од 10,45 саат до 17,00 саат воопшто нема.

Потоа добиена но нестабилна, постојано паѓа.

Досега сеуште никаков одговор од Он.нет.

Техничка подршка по телефон одамна престанав да барам, само џабе зголемувам телефонска сметка према Телеком.

Благодарност до Он.нет за сите "задоволства" што ми ги пружиа со брз и стабилен интернет, али само во реклама и по банери. А кога ќе влезеш во нивната расштимана машинерија, е тогаш почнува одот по пеколот.

Секоја чест.

Сега нешто пробував на гугл.

Искуцав adsl onnet, прв на топ листа таму, а овде надлежниот поточно шефот нека цензурира и понатаму. Таму каде треба да се појави, се појавува.

update:

Само што мерев брзина , 08.45 саат

Вашата моментална брзина е:

476.20kbps

што значи дека може да симнувате со 59.53 KB/sec. од нашите сервери.

28.8 kbps dial-up
33.6 kbps dial-up
53.3 kbps dial-up
56 kbps ISDN
128 kbps ISDN
384 kbps DSL
476.2 kbps YOU
768 kbps DSL
1000 kbps DSL
1500 kbps DSL/T1/Кабелски Модем

Случувања 27.10.2007 год

Случувања на ден 27.10.2007год.

И после долго, долго време, незнам што ден беше денес, ИМАВ интернет конекција, со приближна брзина на договорената, конекцијата падна на кратко само четири пати сабајлето.

Па ај сега да не се урочам, да видиме денес како ќе служи.

Ме буни само едно, по толку немање конекција, со старт од 9 и кусур Гига на бројчаникот, денес тој бројчаник ми покажува дека сум потрошил,

Услуги


# Опис на услугатаОстанато време (денови)ПотрошеноОстанатоЕдиница
1Solo 101 476.64 91294.13 12129.87 (MB)

Некој ги јаде ама кој?

Ќе видиме кога ќе дојде до порамнување на сметките.

Случувања на ден 26.10.2007год.

Ситуација непроменета, никој жив ниту се јавува ниту пишува.

Конзумирам интернет во мали количини, можеби Он.нет се грижи за моето здравје, па ми препишал некоја доза. Барем да кажат кога да ја конзумирам, пред јадење, по јадење, за доручек, ручек.

Отидоа у етер уште 5-6Гига.

п.с. ова морав сабајлево, завчера бев спречен од Он.нет, немав конекција.

Thursday, October 25, 2007

Случувања 25.10.2007 год

Случувања на ден 25.10.2007год.

Се случи и тоа да неможам да напишам дневник за случувања на истиот ден, благодарение на Он.нет и нивниот брз и непрекинат интернет 24 часа во денот 30 дена во месецот.

Конекција никаква, консумирам на секунди, со малку среќа и на неколку минути, а со повеќе среќа и по некој саат, ама со прекиди.

Брзина веќе не мерам, среќен сум и кога имам било каква конекција.

Примен ПАМФЛЕТ од службата за финансии на Он.нет за мој долг према нив во износ од 2572,00денари за период од 01.03.2007 до 30.09.2007 год.

А таман го пофалив софтверот за наплата дека им работи беспрекорно во една преписка со ШЕФОТ т.е. НАДЛЕЖНИОТ на блогов. Го нема да одговори на мојот последен меил, најверојатно во неговата претрага по значењето на зборот ИЗМАМА, доби премногу резултати.

Но и софтверов бил ист, како и се друго во Он.нет.

Поднесен Приговор во салонот Бисер за немање на конекција, со барање на претрпена штета и Приговор до финансовата служба.

Сеуште немам никаков одговор, ниту од еден од Он.нет.

Благодарност до Он.нет за терапијата што ми ја пружи за издржливост.

п.с. зошто памфлет, им укажав како треба да изгледа еден документ за парично побарување, ова личеше на памфлетче во дневни весници. КОМПАНИЈА ОН:НЕТ, како гордо звучи, а да се нема елементарно познавање за достава и изглед на документ.

Wednesday, October 24, 2007

Случувања 24.10.2007 год.

Случувања на ден 24.10.2007год.

Конекција невозможна, повеќе ја нема, него што ја има. Паѓа постојано.

Брзина исто кога има кратка конекција, нестабилна.

На изненадување добив денес обичен ПАМФЛЕТ , така се вика обично за парче хартија кое не ниту заведено ниту наведено што и зошто должам пари на Он.нет.

Обично кога добивам сметка за било што од ОЗБИЛНА компанија, точно се знае зашто е, но ова.......

Пратен Приговор по маил на службата за наплата, иако можев и да не реагирам на ваков допис,вон сите законски норми.

одговори на моите приговори сеуште нема, ниту телефонски јавувања.

Ви благодарам Он.нет што се грижите за мене

Tuesday, October 23, 2007

Случувања 23.10.2007 год.

Случувања на ден 23.10.2007 год.

Конекција скоро невозможно да добијам, и ако добијам трае многу кратко.

Толку,, чекам надлежниве да ми се јават.

Monday, October 22, 2007

Случувања 22.10.2007 год

Случувања на ден 22.10.2007 год.
Конекција никаква, само на кратки периоди.
Остварен контакт денес со еден од надлежните во Он.нет.
Констатирани и од таму дека проблеми имам.
Обеќано дека во најбрз можен рок ќе се превземат мерки за остранување на проблемите.
Ќе чекам до крајот на неделава, па после ќе падне конечната одлука.

Случувања 21.10.2007 год

Случувања на ден 21.10.2007 год.
Цел ден нема конекција, поточно добивам само дел од секунда и одма се губи.
Јавено на техничка подршка во 9,45 саат
Од таму оператор Александар. Запишано по незнам кој пат за проблем, нагласено да се јават, пошто он не бил надлежен.
Алоооо ОнНет кој ви е надлежен, тотална неорганизираност, нестручност....
Повторно ми е одговорено дека утре некој од специјалистите ќе ми се јавел.
Забележано и од Александар дека во текот на разговорот конекцијата ја губам веднаш.
Вчера истото беше забележано и потврдено од Аднан.
Нагласено и кажано да се стави во забелешки,
ДЕКА СМЕТКИ ПРЕМА ОННЕТ НЕ ПЛАЌАМ.
За да платам нешто треба да добијам услуга, а тоа го немам .
За ова ќе биде пишано и во утрешниот ПРИГОВОР.
Брзина нема шанса да измерам, пошто и ова го пишувам од друго место.
БЛАГОДАРНОСТ ДО ОННЕТ ЗА ИЗМАМА.
Надлежниот сеуште не ми пишал, најверојатно го бара зборот ИЗМАМА што значење има.
Еве ќе го упатам, да не бара по лексикони, нека бара во законот за облигациони односи, и законот за заштита на потрошувачи.

Saturday, October 20, 2007

Случуванја 20.10.2007 год

Случувања на ден 20.10.2007год

Конекција нетабилна, изразена во време помеѓу 18 до 22 саат, со подолготрајни прекиди.

На данлоуд изгубени уште 5Гига. Брзина нестабилна.

Во 18,45 саат свртено на техничка подршка. За ИЗНЕНАДУВАЊЕ, веднаш по првото ѕвонење се јавија, оператор Аднан. Искажани сите проблеми, обеќано дека е направен со лице од екипа која работи на терен и во Понеделник ќе дојдат, во најмала рака ќе контактираат со мене по мобилен телефон. Останува да видиме. Према Аднан никакви замерки, љубезен дечко.

Одговори на моите приговори и маил праки до сега нема. Нема ни од НАДЛЕЖНИОТ - ШЕФОТ. (ќе се препознае сам)

Моментална брзина, изненадувачка,

Вашата моментална брзина е:

1.96 Mbps

што значи дека може да симнувате со 251.16 KB/sec. од нашите сервери.

28.8 kbps dial-up
33.6 kbps dial-up
53.3 kbps dial-up
56 kbps ISDN
128 kbps ISDN
384 kbps DSL
768 kbps DSL
1000 kbps DSL
1500 kbps DSL/T1/Кабелски Модем
2009.3 kbps Ти

Благодарност до Он.нет. и блогмастерот што не ги прикажува во нови постови, па така и во нови коментари.

Дискутирано и забележано од моја страна, но одговор асален нема.

Случуванја 19.10.2007 год

Од разбирливи причини деновиве не го водев секојдневно дневникот.

Моите сочуства ги изразив на друг блог.

Случувања од 16 do 19.10.2007 год.

Конекцијата нестабилна, паѓа на кратко, но знае да биде и подолготрајна.

Изгубени уште 5 гига на данлоуд.

Техничка подршка недостапна, никој не одговара.

Брзината нестабилна, далеку од договорената.

На 16.10.2007 год поднесен уште еден ПРИГОВОР во салонот на Он.нет во Бисер.

Од таму пратен и ургент до техничка подршка. Џабе никој не се јавува.

Од дечки кои работат во Он.нет. разбрав дека вакви поплаки имаат многу, да не речам од сите кои користат СОЛО пакети. Дека телефоните во техничка подршка ѕвонат непрестано. Ова ми е кажано во еден неформален разговор.

За чудо сабајле во еден момент, околу 08,00 часот измерив брзина,

Вашата моментална брзина е:

2.08 Mbps

што значи дека може да симнувате со 266.7 KB/sec. од нашите сервери.

28.8 kbps

dial-up

33.6 kbps

dial-up

53.3 kbps

dial-up

56 kbps

ISDN

128 kbps

ISDN

384 kbps

DSL

768 kbps

DSL

1000 kbps

DSL

1500 kbps

DSL/T1/Кабелски Модем

2133.6 kbps

Ти

Сега е, повторно за изненадување,

Вашата моментална брзина е:

1.95 Mbps

што значи дека може да симнувате со 249.96 KB/sec. од нашите сервери.

28.8 kbps dial-up
33.6 kbps dial-up
53.3 kbps dial-up
56 kbps ISDN
128 kbps ISDN
384 kbps DSL
768 kbps DSL
1000 kbps DSL
1500 kbps DSL/T1/Кабелски Модем
1999.7 kbps Ти

Monday, October 15, 2007

Случуванја 15.10.2007 год

Случувања на ден 15.10.2007год.

Конекцијата во контиунитет паѓа, краткотрајно, но доволно да се загуби на данлоп мегабајти.

Поголем прекин од 18,45 часот до 19,50 часот.

Техничка подршка не се јавува, повторно пуштена песната додека чекаш и чекаш.

Брзината непостојана, многу испод договорена.

Вашата моментална брзина е:

777.10kbps

што значи дека може да симнувате со 97.14 KB/sec. од нашите сервери.

28.8 kbps dial-up
33.6 kbps dial-up
53.3 kbps dial-up
56 kbps ISDN
128 kbps ISDN
384 kbps DSL
768 kbps DSL
777.1 kbps YOU
1000 kbps DSL
1500 kbps DSL/T1/Кабелски Модем

Благодарам Он.нет