Одамна го завршив овој дневник, т.е.мислев јас дека е завршен.
На ден 09.05.2008 год во 15 часот и 26 минути ми се јавува некој од ОННЕТ, на индетификатор бројот одамна заборавен 5110000.
Кога го видов бројот некаде во мојата потсвест ми текна дека ова беше бројот кој го вртев некогаш до несвест, чекајќи да некој се смилува да се јави, или кога имав среќа да некој се јави, да ми го реши проблемот.
После толку мои молби, усни, пишани приговори, три урген приговори пратени од нивниот салпн во Бисер, после многуте преписки по меил со господата Господинов и Мацановски, некој решил да ми се јави, а мојот ДОГОВОР со нив е раскинат уште на 02.11.2007 година.
Искрено не му дадов ни збор да ми каже на дечково, само го прашав што бара да ми се јавува, кога со ОННЕТ немам ама баш никаков важечки Договор. Дечково беше целиот збунет, се престави но му го заборавив името, само рече дека он ништо незнае за ова, и ме праша дали јас ја чувам документацијата.
Господа од ОННЕТ, вие водете си сметка за вашата документација, а кога ќе дојде време ќе се соочиме и секој со своите аргументи. Иначе целата документација, заверена со ваш печат и потпис си ја чувам во мојата архива, ја чувам и целата коресподенција по меил, ги чувам и разговорите кои беа водени по телефон, снимени. Така за мене не берете гајле, барајте си ја вашата документација и прашајте си ги луќето што треба да водат сметка за неа каде им е.
Толку од мене, се надевам дека навистина ќе нема потреба повеќе да се навраќам на овој мој дневник, за едно време кога буквално нервите ми ги уништивте.