Tuesday, May 13, 2008

Случувања 09.05.2008 год

Одамна го завршив овој дневник, т.е.мислев јас дека е завршен.

На ден 09.05.2008 год во 15 часот и 26 минути ми се јавува некој од ОННЕТ, на индетификатор бројот одамна заборавен 5110000.

Кога го видов бројот некаде во мојата потсвест ми текна дека ова беше бројот кој го вртев некогаш до несвест, чекајќи да некој се смилува да се јави, или кога имав среќа да некој се јави, да ми го реши проблемот.

После толку мои молби, усни, пишани приговори, три урген приговори пратени од нивниот салпн во Бисер, после многуте преписки по меил со господата Господинов и Мацановски, некој решил да ми се јави, а мојот ДОГОВОР со нив е раскинат уште на 02.11.2007 година.

Искрено не му дадов ни збор да ми каже на дечково, само го прашав што бара да ми се јавува, кога со ОННЕТ немам ама баш никаков важечки Договор. Дечково беше целиот збунет, се престави но му го заборавив името, само рече дека он ништо незнае за ова, и ме праша дали јас ја чувам документацијата.

Господа од ОННЕТ, вие водете си сметка за вашата документација, а кога ќе дојде време ќе се соочиме и секој со своите аргументи. Иначе целата документација, заверена со ваш печат и потпис си ја чувам во мојата архива, ја чувам и целата коресподенција по меил, ги чувам и разговорите кои беа водени по телефон, снимени. Така за мене не берете гајле, барајте си ја вашата документација и прашајте си ги луќето што треба да водат сметка за неа каде им е.

Толку од мене, се надевам дека навистина ќе нема потреба повеќе да се навраќам на овој мој дневник, за едно време кога буквално нервите ми ги уништивте.

Sunday, November 4, 2007

Случувања 02.11.2007 год

Случувања на ден 02.11.2007год.

Конечно трпението заврши.

Поднесено ИЗВЕСТУВАЊЕ до Он.нет. за РАСКИНУВАЊЕ на ДОГОВОР и АНЕКС на ДОГОВОР.

ИЗВЕСТУВАЊЕТО е поднесено во салонот Бисер.

ДОГОВОРОТ И АНЕКС НА ДОГОВОРОТ ГИ РАСКИНАВ повикувајќи се на законите за, облигациони односи, заштита на потрошувачите и електронски комуникации.

Побарана и претрпена штета од Он.нет за не придржување на ДОГОВОР.

Најинтересно беше кога го поднесував ИЗВЕСТУВАЊЕТО, што и интернет конекцијата во салонот не работеше, немаше, а јас барам да работи кај мене.

Поздрав до тимот на Он.нет. за сите нервози што ми ги приредија.

Со писмо известени ТЕЛЕКОМ НА СЛОВЕНИЈА, за сите случки,

и поднесена Пријава до АЕК.

Thursday, November 1, 2007

Случувања 01.11.2007 год

Случувања на ден 01.11.2007год.

Денес конекцијата на изненадување постабилна, но сепак преку денот се случи да падне на кратко едно дваесетина пати. Доволно да изгубам на доунлоад мегабајти.

Брзината под договорената.

Одговори на приговориѕе нема, ниту телефонски јавувања.

Измерена брзина во моментов,

Вашата моментална брзина е:

566.90kbps

што значи дека може да симнувате со 70.86 KB/sec. од нашите сервери.

28.8 kbps dial-up
33.6 kbps dial-up
53.3 kbps dial-up
56 kbps ISDN
128 kbps ISDN
384 kbps DSL
566.9 kbps YOU
768 kbps DSL
1000 kbps DSL
1500 kbps DSL/T1/Кабелски Модем

Благодарност до Он.нет

Wednesday, October 31, 2007

Случувања 31.10.2007 год

Случувања на ден 31.10.2007год.

Сабајле нема конекција од 09,00 саат до 11,25 саат.

Контактирано со техничка подршка, оператор Александар, констатирано дека нема конекција. Реагирано од моја страна дека немам никаков одговор на досегашните приговори. Се работело на случајот???

Поднесен приговор во салонот Бисер,

испратена копија од платена сметка за месец Јуни, навремено платена.

Преку ден конекцијата нестабилна, паѓа, особено изразито во вечерните саати помеѓу 18,30 до 22,00 саат.

Брзина нестабилна, далеку од договорената.

Измерен сообраќај во 00,05 саат

Услуги


# Опис на услугата Останато време (денови) Потрошено Останато Единица
1 Solo 101 472.99 98960.98 4463.02 (MB)

апдејт,
Во меѓувреме падна конекцијата, а со тоа и бројчаникот веднаш се измени.

Измерен сообраќај во 00,40 саат 01.11.2007год.

Услуги


# Опис на услугатаОстанато време (денови)ПотрошеноОстанатоЕдиница
1Solo 101 472.97 102230.07 1193.93 (MB)


Благодарност до Он.нет за сите нервози што ми ги приредија.

Случувања 30.10.2007 год

Случувања на ден 30.10.2007год.

Конекција нестабилна, постојано паѓа на кратки или подолги периоди,

Брзина нестабилна, далеку од договорената.

Од Он.нет сеуште никаков одговор или јавување.

Штета претрпена веќе не се мери. Морам да трчам по пријатели и интернет кафиња, а имам договор за непрекинат интернет конекција 24 саати.

Благодарност.

Monday, October 29, 2007

Случувања 29.10.2007 год

Случувања на ден 29.10.2007год.

Конекција нестабилна, потполно изгубена од 09,40 саат до 13,00 саат.

Поручекта повторно од 19,00 до 22,00 саат.

Брзина нестабилна, дури и многу спора, веб камера скоро и не функционира.

Сеуште никој се нема јавено од Он.нет на било кој начин.

Благодарност.

Sunday, October 28, 2007

Случувања 28.10.2007 год

Случувања на ден 28.10.2007год. Таман ги пофалив за саботата, кога денес пак по старо. Конекција од 10,45 саат до 17,00 саат воопшто нема.

Потоа добиена но нестабилна, постојано паѓа.

Досега сеуште никаков одговор од Он.нет.

Техничка подршка по телефон одамна престанав да барам, само џабе зголемувам телефонска сметка према Телеком.

Благодарност до Он.нет за сите "задоволства" што ми ги пружиа со брз и стабилен интернет, али само во реклама и по банери. А кога ќе влезеш во нивната расштимана машинерија, е тогаш почнува одот по пеколот.

Секоја чест.

Сега нешто пробував на гугл.

Искуцав adsl onnet, прв на топ листа таму, а овде надлежниот поточно шефот нека цензурира и понатаму. Таму каде треба да се појави, се појавува.

update:

Само што мерев брзина , 08.45 саат

Вашата моментална брзина е:

476.20kbps

што значи дека може да симнувате со 59.53 KB/sec. од нашите сервери.

28.8 kbps dial-up
33.6 kbps dial-up
53.3 kbps dial-up
56 kbps ISDN
128 kbps ISDN
384 kbps DSL
476.2 kbps YOU
768 kbps DSL
1000 kbps DSL
1500 kbps DSL/T1/Кабелски Модем